Пред точно една седмица (18.10 - 20 .10.2013 г.) во Струмица се одржа еден од подобрите натпревари во ориентација која се случува тука во Македонија.
На програмата беа понудени 4 трки во три дена од кои два спринта (денски и ноќен спринт), долгга дистанца и средна дистанца која носеше бодови за светска ранг листа WRE.
Јас заедно со мојот клуб Златоврв пристигнавме во Струмица на 18.10. 2013 (Петокот) околу 8:45 часот, 2 часа пред почетокот на првиот старт. Се пријавивме во натпреварувачкиот центар, ги подигнавме стартните пакети и пополека почна спремањето за првиот старт кој беше денски спринт. Теренот беше градска населба, со паркови, широки улици. Тактиката од старт беше јасна, да не се прават грешки и да се извади максимумот од мене. Бидејќи трчав во најјаката категорија М - 21Е која имаше доста натпреварувачи од странство и силна конкуренција имав некаков притисок и страв пред стартот. Стартував меѓу првите минути. На старт се чувствував уморно од патот но знаев зошто сум тука. Дојде моето стартно време. Тргнав брзо, и погрешив, прва грешка на прва контролна. Промашив неколку улички при напаѓањето на првата КТ и изгубив повеќе од 3 мин. Тоа е што е, не се откажав на првата препрека, продолжив понатаму. До крај трчав многу бавно, во моментите кога мислев дека можам да го пупштам чекорот правев грешки. Патеката со должина од 3.2 km. и 20 КТ ја завршив за време од 33:40 min. и се наседелив на 13 позиција. ( од оваа трка лично не сум задоволен. Направив многу грешки, но и свој удел во ова си имаше и патото кој го поминавме до Струмица и прераното станување за на пат).
После завршувањето на трката се сместивме во спортската сала при ОУ Видое Подгорец. Одморивме неколку саати пред вториот старт на Струмица Опен. Пред стартотр се чувствував малку посвеж за разлика од сабаљешниот старт бидејчи одспав неколку часа и прилично се одморив. Бидејќи ноќниот спринт се одвиваше на истиот терен од сабаљето имав малку претстава за теренот. Поучен од сабаљешните грешки испланирав да трчам онолку брзо до колку што можам да ја читам картата. Стартував овој пат межу последните минути. Стартував тргнав доста добро. Држев едно умерено темпо неколку контролни. Веќе на 4 КТ го имав добиено Јане Драгинов од Струмица. На 16 КТ и веќе предпоследна до целта ја имав и првата грешка каде што изгубив скоро 90 сек. Таа грешка ме кошташе 2 позиции понапред од сегашната каде што се наоѓам. Патаката со должина од 3.2 Km. и 18 KT ја поминав за време од 22:42 min. и се стационирав на 10 место. Бев трето место од Македонците со заостанување од 35 сек. зад Владо Чорев од мојот клуб и само 6 сек. зад Јане Драгинов од Еделвајс. (од овој старт сум премногу задоволен бидејќи во текот на целата трка користев едно темпо кое во овој период е доста солидно за мене и тоа што не направив многу грешки)
Наредниот ден 19.10.2013 (саботата) на програмата беше долга дистанца. Патеката беше долга 7.8 km. со 19 КТ и 380 m. искачување. (лично мислам дека искачувањето беше повеќе од напишаното, а и во консултација со другите тркачи кои користеле ГПС часовници при трчањето кажаа дека висинската разлика била поголема од напишаната). Долгата патека беше доста технички концепирана и доста физички напорна за мене. До старто на долгата патека имаше 2 km. пешачење од кои последните 300m. беа искачување на еден страсен успон кој од старт мислам дека ми одзеде повеќе од силата. Тактиката беше да се обрне повеќе внимание на картата, бидејќи теренот го познавав и знаев дека е еден од потешките во Македонија. Стартував добро не направив поголеми грешки, при изборот на варијанти го користев патот како опција за да стасам до КТ. Финиширав како 9 то. пласиран со време од 2:55:08 часа. ( од овој старт исто така сум доста задоволен од техничкиот дел т.е читањето на картата, но не и од физичкиот дел, доста бев заморен и се движев премногу бавно низ целиот тек на трката)

карта од долгата дистанца со мои варијанти
Третиот ден 20.10.2013 г. (неделата) на програмата беше средна дистанца и воедно трка која носеше бодови за светската ранг листа во категоријата во која јас трчав. Трката беше на истиот терен каде што беше и долгата патека. Пред стартот се чувствував премногу изморен, веќе 3 трки имав истрчано во нозете. Нозете ми беа тешки како камења. Тактиката беше иста како долгата да се обрни повеќе внимание на картата, и да се трча онолку колку што се може. Стартував добро. На привте 4 КТ имав доста добро време. При напад на 5 КТ направива една фатална грешка, имав проблем со северот не ја осеверив картата добро па изгубив доста време додека се најдов каде сум. До крај се снаоѓав добро. Патеката од 4.4 km. со 18 КТ ја поминав за време од 01:41:05 и се најдов на 11 та позиција. (од последната трка не сум баш задоволен од моето трчање, направив почетничка грешка која е недозволива и повторно кондицијата ми откажа послушност)
Во вкупен пласман од трите трки кои времињата се збираа (денски спринт, долга и средна дистанца) се пласирав на 8 место од вкупно 16 напреварувачи. Струмица Опен 2013 го освои Кирил Николов Дизел од Бугарија.
финиширам на средната дистанца
Струмица Опен 2013 за мене помина воглавно добро. Струмица Опен беше моето последно натпреварување за сезона 2013. Изминатава седмица после натпреварот ги направив последните тренинзи кои ги вклучување мојата тренинг програма и веќе од утре 27.10.2013 г. си давам 14 дена пауза од тренинг со што ќе завршам 11 месечен тренинг циклус со претрчани околу 1200 km. тренинг. Од 11 Ноември почнуваат подготовките за сезона 2014.
Во текот на оваа седмица, ќе направам краток осврт на целата 2013 сезона и ќе ги претставам моите планови за наредната сезона :)
Спортски поздрав :)