Wednesday, August 24, 2011

Пред SEEOC

Остануваат уште 15 дена до првото југоисточнo европско првенство во ориентација кое ќе се одржи во Крушево - Македонија. Подготовките околу SEEOC се во завршна фаза.
И оваа година имам можност да настапам за македонскиот национален тим во ориентација во категорија М - 18.
Мотивиран од минатогодишниот неуспех на последната балканијада, почнав да тренирам одма по завршувањето на балканиада која се одржа точно пред една година во Бугарија. Имам силна желба да бидам првиот југоисточно европски шампион барем во една од дисциплините во кои ќе настапам.


Ќе настапам во Спринт, Долга и Средна дистанца. Исто така ќе бидам и член и ќе трчам една од измените во штафетата.

Подготовките како што кажав почнаа уште од 8 Септември 2010 година. Работев доста технички тренинзи, настапив на државните првенства во спринт и средна дистанца, учествував на неколку купови низ Македонија, а останатото време го посветив на мојата физичка подготовка.
Работев повеќе типови на технички тренинг поделени во 5 подготвителни периоди. Како што наближува времето до главниот настан така физичките тренинзи добиваа се поголема тежина.
  • Први подготовки кои поминаа нај успешно беа зимските подготовки ( тренирав должина од 10 - 15 km. 3 пати седмично, 2 пати седмично работев вежби за цврстина на телото теретана )
  • Втората етапа од подготовките беше пролетниот период и моите подготовки за државните првенства. Бев прв на државните првенства, но јас не бев задоволен од самиот себе, можев да постигнам подобар резултат но така требаше да биде. Работев должини 8 - 12 km. 5 пати седмично и 2 пати фартлек рамно 5 - 8 km.
  • Третата етапа почна од 15 мај и траеше точно еден месец. Овој период ми беше доста тежок, бев растргнат на повеќе страни и не можев да ги обработам тренинзите на начин како што сакам јас. Позитивно е тоа што кратко траеше овој тренинг период.
  • Четвртиот тренинг период кој сега го гледа својот крај помина нај добро 2 месеци поминати со најтешките кондициони тренинзи истрчани илјадници километри и постигнати неколку рекорди од кои јас сум презадово
  • лен. Имам доверба во себе и мислам дека ќе се вбројам во најдобрите 10. На патека од 11 km. со 55 % успон извадов време од 54 min. На 1 km
  • . рамно успеав да направам време од 3 min.
Денеска заврши четвртиот тренинг период, презадоволен од тренингот и останатите работи кои се случија за овие 2 месеци. Петиот тренинг период ќе заврши на 6 ти Септември, а во овај пети период ќе се обрни внимание најмногу на
техниката, планирам да направам 2 тренинг долги отсечки, 2 тренинга меморија, 3 тренинзи со изохипси, 3 - 5 тренинзи ќе работам на одредување на правец различни трхники за правец, 4 тренинзи се предвидени за интервали. Планиран е и еден клубски тридневен камп до беловодица и на него ќе се работи најмногу на техниката. Напоредно со техничките тренинзи ќе работам и уште нешто од страна на кондиција: ќе
имама проверка на 5 km. рамно, 5 km. успон, уште еднаш ќе се
тестирам на 11 km. со 55 % успон и краен тест на 1000m. , 800m. , 400m...


Последниве 10 дена се одржа 28 светско првенство во ориентација. Светското првенство се одржа во францускиот град Савој. Македонската сениорска репрезентација учествуваше со 4 ри члена екипа.Екипата ја сочинуваа Мери Чкрипеска, Николче Митковски, Ристе Киров предводени од Јане Драгинов. Десет дена ги пратев нашите сениори преки онлине резултати и видео пренос. Како за прв пат нашите сениори се покажаа добро и мислам дека успешно ги одбранија боите на нашата татковина.
Покрај што ги пратев нашите сениро, навивав и за најдобрите светски ориентирци кој приредија страшно драматични финалиња во сите дисциплини. Швеската репрезентација беше најдобра на ова првенство, а најголм впечаток остави французинот кралот на средна дистанца Тиери Жоржу кој дојде до 10 злато од светските првенства и придонесе во освојување на титулата во штафетна конкуренција кај мажите елиташи сениори.

Tuesday, August 9, 2011

Светско Првенство 2011

После подолго време евеме со нов пост. Овој пост не е за мене бидејќи сум добро и немам многу време да пишувам, секој ден тренинг 1 па тренинг 2 и секој ден иста шема.

Овој пост е специјално наменет за моите соклубци Мери Чкрипеска и Николче Митковски кои вечерва патуваат во Франција на Светско Првенство.
Оваа година МОФ доби можност да учествува за прв пат на светско првенство со 3 члена екипа, таа екипа ја сочинуваат Мери Чкрипеска и Никола Митковски од мојот клуб и Ристе Киров од ОК Еделвајс.

Најмногу се радувам бидејќи македонскиот национален тим го сочинуваат најмногу репрезентативци од мојот клуб, а тоа е така бидејќо мојот клуб Златоврв е најдобар клуб и има најдобри и прекрасни натпреварувачи во кои најмногу верувам и ги сакам.
Накратко за успесите на Николче и Мери:
- Мери Чкрипеска долгогодишен шампион на Македонија во сите категории има освое 83 медали од кои 52 се златни 20 сребрени и останатиот дел бронзени , учесник е на повеќе светски натпревари како Копаоник Опен, Куп Великден, Меморијал Чика Душко и многу други. Мери е нашата најдобра македонска натпреварувачка и таа е онаа која најмногу заслужува да настапува на оваа престижно натпреварување.
- Николче Митковски има настапувано на повеќе меѓународни натпревари шампион на Македонија последните 7 години во сите категории во кои се има натпреварувано има освоено многу награди и признанија и тој е оној кој знае да ја претстави нашата Македонија пред светот.
Овие двајца имаат најмогу придонесено во мојата О - обука заедно со нив ги работам тренинзите и воедо одам по стапките нивни.

Остана уште многу малку време до нивното заминување знам дека се подготвени и се во најдобра форма. Оптимист сум голем и очекувам од нив пласман во финале и место во највисок ранг во најдобрите 6 на светот.

НАЈМИЛО МОИ ПОКАЖЕТЕ ПРЕД СВЕТОТ КОИ СТЕ И КАЖЕТЕ ДЕКА ДОАЃАТЕ ОД МАКЕДОНИЈА А ВОЕДНО НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА КАЖЕТЕ ДЕКА ЗЛАТОВРВ Е НАЈДОБРИОТ КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈ.
ПОЗДРАВ ВЕ САКАМ НАЈМНОГУ !!!!!!!!!

Monday, May 9, 2011

Први настапи и први победи во М-21

Изминатиот викенд на Прилепско тло се одржаа две кола од МОЛ во организација на мојот клуб Златоврв. Првиот ден т.е. во Саботата вечерта се одржа ноќен спринт на терените на Могила. А вториот ден беше средна продолжена патека на терените кај с. Беловодица.
Овој натпревар ќе го паметам дури сум жив. Добив понуда да се натпреварувам во најјаката категорија М-21. Понудата ја прифатив.
Искрено многу не очекував да бидам меѓу првите, малку бев исплашен, но сакав да пробам, како е да се биде конкурент на најјаките македонски ориентирци. Кога ја прифатив понудата реков “ако ништо друго овој натпревар ќе го сметам како тренинг, но нема да се предадам лесно “.

Почна стартот на ноќниот спринт, стартував во 20:36 часот. Стартував, од почеток фатив брзо темпо на трчање кое за жал не го задржав до крај. Одев сигурно од отсечка до отсечка, избирав добри варијанти за напад и најбитно не направив грешка и бев прв со време од 22:07 минути. Позади мене беше мојот клубски другар Николче Митковски со заостанување од 40 секунди, а третото место го освои Ристе Киров од Еделвајс Струмица. Картата со патеката од ноќниот спринт ќе ја поставам накнадно.
Следнито ден натпреварот се пресели на терените кај с. Беловодица. Доста добар терен за ориентирање, добро организирана патека со избор на повеќе варијанти за напад на КТ. Стартував во 11:27 минути, бев меѓу последните натпреварувачи. На старт се чувствував повторно исплашен, но стравот го оставив само на старт. Ја зграбив картата и тргнав доста добро, но не исфорсирав уште на почеток, правилно ја распоредував силата. На пат помеѓу 3 - 11 КТ веќе ги имав сотигнато половина од конкуренцијата која стартуваше пред мене. На 13 КТ ги стасав и главните конкуренти за првата позиција кои старуваја во првите стартни минути. Кога ги здогледав почнав да се радувам, и добив некоја сила која ме тераше да летам, бидејќи со едната нога газев на првото место.
Патеката од 6.6 км со 19 КТ ја поминав за време од 1:18:59. Позади мене за отприлика 6 минути заостануваше Јане Драгинов од Еделвајс Струмива, а третото место му припадна на Виктор Костадиноски од Златоврв.


После овоие два натпревари се чувствувам малце уморно, имам болки во нозете, но сепак сум среќен што успеав да ги победам најдобрите македонски ориентирци.
Овие две победи во М-21 ми даваат мотив повеќе да работам и да се трудам повеќе.
Тука нема да застанам следна мислија која ми е во план е ДП во долга дистанца и оваа мисија ќе ја одработам повторно во клинч со најјаките М-21.

Thursday, April 7, 2011

ДП - Ноќно и Струмица ОПЕН

Изминатиот викенд во град Струмица се одржа Државното Првенство во ноќна ориентација и Струмица ОПЕН. Се на се три дена натпревари. На 1 Април вечерта се одржа ноќна ориентација која беше државно првенство на Македонија. Имав една цел да не правам многу грешки и се разбира да победам. Стартував во првите минути. Но уште од старт грешка. На пат од прва контрола до втора направив фатална грешка ( не го одредив добро правецот ) и изгубив 20 секунди. Продолжив добро. На пат од шеста КТ до седма исто така направив грешка но овој пат се двоумев околу варијантите како да ја напраднам 7 КТ. Не го видов излезот поктај оградата и се вратив назад да заобикола и тука изгубив околу 50 секунди. На 8 КТ бев стасан од конкуренцијата. Бев малку лут на себе но продолжив понатаму. До крајот не направив ниткаква грешка и го освоив третото место со време Патеката од 2.5 km со 22 КТ ја поминав за 16:28 минути. Прво место освои Владо Чорев од Еделвајс, а втор беше Дени Перов од Ентузијас и двајцата од Струмица.

Вториот ден беше средна патека која се одржа на терените на вештачкото езеро Водоча. Овој пат одев на сигурна победа, бев мотивиран и тргнав да победам. Стартував речиси во последните минути. Првите 6 КТ не неправив ниту една грешка. Но на пат кон 7 КТ ја направив најглупавата и аматерска грешка која не би смеел да помислам на тоа. Наместо да тргнам кон 7 КТ тргнав кон 8 КТ. Изгубив околу 90 секунди и бев стасан од мојот клубски другар Милан. Понатаму се одеше по ред и без гтрешка. Завршив на втората позиција со време од 1 час и 25 секунди.
Но тука знаев дека не е се завршено. Резултатите од 2 и 3 ден се собираа па бев уште во игра за медал. Имав негатива од 50 секунди кои многу многу не ме притискаа.
Третиот ден беше нова долга стаза. Повторно влегов во натпреварот растеретен, да не правам грешка и да ги надокнадам малите 50 секунди. Тргнав добро но пак грешка. Од 1 КТ кон 2 КТ наравив грешка која ме косташе 1 минута. Продолжив но силата ме напушташе, нозете ми стануваа многу тешки, при трчањето добив плускавец на левата пета кој ми правеше проблем. Концентрацијата ми траеше до 7 КТ. Понатаму направив фатална грешка. Лошо го одредив правецот заминав во лево. Заглавив во тежок непрооден густеж, искачуваав цел стрмен рид за да излезам на пат и да продолжам. Продолжив без грешка. Ја завршив патеката од 5 km. за време од 1 час и 11 минути и помислив дека сум добил некого од конкурентите. Но кога на финиш ги ја здогледав знаев колку е саатот. Бев оптимист и имав надеж дека ја имам барем бронзата во рака. Но ништо само 7 место. Вкупниот резултат ми беше 4 место.
Бев малку разочаран после третата трка, но тоа е тоа, утехата ја најдов во бронзата од државното првенство ноќно. Всушност кога ќе размислам подобро битно ми беше Државното да го одработам добро.
После натпреварот планирам да одморам 3 дена. Па потоа продолжуваме со уште пожестоко темпо на тренин. Овој пат предизвик ми е државното првенство во долга дистанца.




Sunday, March 27, 2011

Прво Државно


Вчера на терените на Градски Парк во Скопје се одржа Државно Првенство во спринт. Прво Државно но и прв натпревар во поголема категорија за мене, оваа сезона М-20.
Доброто време за трчање и моето секогаш позитивно расположение ми го донесоа првиот успех за оваа година. Бев Прв. На стазата од 2.5 km. со 13 КТ постигнав време од 13:49 min. и
позади себе успеав да ги добијам мојот клубски другар Дарко Јованоски и Гаврил Карловски од ОК Трансверзалец.
Можам да кажам дека сум задоволен од постигнатото, но ова тука не завршува. Следната недела одиме на тридневен меѓународен натпревар во Струмица, а останатите денови пред натпреварот со екипата имаме зацртано неколку доста тешки тренинзи.
Покрај мојот успех екипата на ОК Златоврв забележа и доста успешен натпреварувачки ден речиси сите награди ги освоија. Освоија 5 први места, 2 втори места и 4 трети места.


Monday, March 21, 2011

Пред прв испит ...

Деновите до првиот старт за сезонава се бројат на прсти. Се чувствувам добро и немам проблеми со повреди и слични работи, имам голема желба и мотив да ја почнам сезоната со победа и да станам државен првак во спринт. Тренирав доста. Работев на слабостите кои ги имав минатата сезона. Претрчав многу прилично сум задоволен но сигурен сум дека можам повеќе. Кондиционо сум многу напреднат према минатата сезона, а на технички план сум доста задоволен според тие тренинзи кои ги направивме заедно со екипата.
Последниве две седмици заедно со мојата екипа претрчавме доста изработивме неколку технички тренинзи, сите сме добро во екипата имаме мотив за победа. Неможеме да кажиме дека сме подготвени 100 % но сме оптимисти и можеме да постигниме добри резултати на првиот испит. Среќен сум што сите сме во добра состојба и немаме проблем со повреди и слични работи кои можат да ја искомплицираат работата.
За привот натпревар во Скопје патуваме 14 натпреварувачи. Повеќе од половина од екипата се со повеќе годишно искуство и се со големи шанси за првите три места, но имаме и доста подмладена екипа која има мотив и чека ред за докажување.
Последниве неколку денови до натпреварот имем задача уште еднаш да ја провериме кондицијата и брзината. Ќе работиме спринтирање на 5000 и 3000 m. А во Сабота ќе се докажеме во најдобро светло и се надевам дека ќе добиеме позитивен исход.

Sunday, February 20, 2011

Крај на зимските тренинзи. Почнува нова Пролет и се гледаат нови УСПЕСИ

После 3 месеци работа на физичката и кондиционата подготвеност во зимскиот тренинг период но овој период го почувствува и крајот. Околу 70 денови тренинг комбиниран со трчање дистанци од 8-10 km. фитнес вежби и теретана го одбележа овој зимски период. Можам да кажам дека сум задоволен од постигнатото на тренинзите. Но неможам да кажам дека сум 100 % подготвен. Па затоа моите подготовки продолжуваат понатаму. Иако има уште 30 денови до доаѓањето на пролета јас започнав со пролетните тренинзи. Првиот пролетен тренинг беше кондиционен ( дистанца 10 км. = 60 мин. асфалтен пат со благи угорнини ). До крајот на Март кога и започнува Македонската Ориентациона Лига имам во план да поминам околу 30 кондициони тренинзи и 15 технички тренинзи.
Календарот на натпревари за првите 6 месеци од оваа 2011 година е следен:
- 26 Март ДП - Спринт ( Скопје )
- 27 Март Средна Дистанца ( Скопје )
- 1 Април ДП - Ноќно ( Струмица )
- 2 Април Средна Дистанца (струмица )
- 3 Април Долга Дистанца ( Струмица )
- 30 Април ДП - Средна дистанца ( Прилеп )
- 1 Мај - Спринт ( Прилеп )
- 7 Мај ДП - Долга ( Струмица )
- 8 Мај - Средна Дистанца
- 28 Мај - Долга Дистанца ( Радовиш )
- 29 Мај - ДП - Штафета ( Радовиш )
- 25 Јуни - Средна Дистанца ( Прилеп )
- 26 Јуни Спринт ( Прилеп )
- Истот така во Јуни месец ќе учествувам на екипното државно првенство кое ќе се одржи на Попова Шапка и ќе придонесам за победа на мојата екипа.