Sunday, October 13, 2013

KMT - 2013

Во Петокот на 11 Октомври денот кога цел Прилеп го слави денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор, јас и една цела група позитвни луѓе од цела Македонија и пошироко го истрчавме КМТ (Krali Marko Trail) 2013 г.
Трка која речиси сите планински тркачи, атлетичари и сл. ја отпишаа. Но силната волја на Општина Прилеп и неколку мина поедници кои го дадода својот максимум во организацијата и не дозволија оваа прекрасна трка да згасне.

Сита натпреварувачи пред старт :)


-ОПИС НА ПАТЕКАТА: 
Патеката беше долга  16 km. со 860 m. вкупно искачување. Старто на трката беше во центарот на Прилеп (поточно кај стара градска кафеана), а финишот кај карпата Слонче под Маркови Кули.
Првиот дел од патеката е доста дежок. Првите 1.5 km. се трчаше по асфалт, потоа уште 1 km. се трча по широк макадамски пат и потоа патеката се стеснува по тесни карпести патчиња се до манастирот св. Богородица - Трескавец каде беше и освежителниот пункт. Од стартот до освежителниот пункт до Трескавец имаше вкупно 8 km. и цели 800 m. вкупно искачување. (тука завршува првиот дел од патеката). Вториот дел од патеката почнуваше со спуштање по новиот асфалтиран пат повеќе од 1 km. потоа се исклучивме од асфалтниот пат и цело време се одеше по тесни патчиња со доста камења и ситна песок околу 5 km. Последниот дел од патеката беше благ успон од околу од скоро 1 km. и последните помалку од 1 km. беше спуштање по макадамскиот пат до финиш.

-МОЈ КРАТОК ОПИС ЗА ТРКАТА:
Станав сабалјето околу 07:30 часот. капаките од дожд ме разбудија половина час порано од планиранот. Дождот малку ме исплаши и бев во недоумица дали да ја трчам трката бидејќи имав проблем со опремата (поточно проблемот со патиките, во мометов немам солидни патики за Trail Run ), но за миг се консултирав со мозокот и срцето. Мозокот ми велеше НЕ !!! но срцето кажа големо ДА !!! А јас го слушам срецето нон - стоп :D. За половина час се средив со обврските околу поручекот и почнав да бирам што дрес да носам (тоа е ритуал кај мене :D). Во 09:40 дождот престана, кожа не ме траеше и заминав на старт да се пријавам и пополека да се загревам :) Се пријавива го зедов стартното бројче 113 (дефинитивно среќен број) .
Откако ги завршив обврските околу подигање на стартно бројче и пријавување, се упатив во гардероберот во НУКЦ Марко Цепенков - Приле. Кога стасав во гардероберот да се средам, таму што да видам, сите македонски долгопругаши, маратнонци и ултарамаратонци собрани на куп. Десет души кандидати за првото место кој во нив се вбројуваше и нашиот гостин од Белгија Михаел кој е еден од подобрите млади белгијски ориентациони тркачи. Доста јака конкуренција.
Тактиката ја скроив веднаш, да се тргне стабилно без брзање и форсирање на темпото и таргет време да биде нешто под 2 часа.
Стартувавме. Оние тркачи кои беа фаворити одма се одделија напред, јас не заостанував на почеток многу од нив некаде бев во средина. Си трчав мое темпо без форсирање и бркање со останатите. Поголеми проблеми немав во првите 5 km. се додека не наидов на местот под спилата и на самата спила, сабајлешниот дожд ги усложнуваше работите на спилата и премногу беше лизгаво. Ја поминав спилата едвај речиси 50 % од својата енергија ја потрошива на неа. Откако ја поминав спилата влегов во густа магла која ме давеше се до 500 m. пред освежителниот пункт на трескавец.

Густата магла под Трескавец :)


На трескавец имав време од 01:01:00 час. и тоа е мој личен рекорд на патеката од центарот на Прилеп па се до Трескавец. На Трескавец стасав 18 ти. Голтнав неколку голтки вода, зедов лимон за по пат да се освежам и го фатив патот под нозе за надолу. Се исклучив од асфалтниот пат и почнав да слегувам по стрмните тесни и интересни патчиња, слегував пополека со страв да не се повредам. Откако помина страшниот дел за мене почнав стабилно да трчам психата ми беше на доста високо ниво, несакав да форсирам премногу сакав само да завршам до крај без мака. Финиширав добро со време од 01:48:51 час. како 18 то пласиран на трката од вкупно 41 ен пријавен тркач во машка конкуренција, со заостанување од полмалку од 28 min. што за мене е премногу добро, а премногу бев радосен бидејќи целта беше исполнета и трката се заврши без последици во планираното време.

Последниот km. до целта :)


Кога ќе направам споредба со ланската КМТ, кога немав редовни и сериозни тренинзи, овој пат сум многу подобрен и има голем напредок во мојата физичка форма. Лани заостанував цели 47 min. зад првиот, а оваа година нешто помалку од 28 min. што пак ќе кажам тоа е огромен успех за мене, за само 10 месеци тренинг со претрчани нешто повеќе од 1000 km. тренинг.

https://www.youtube.com/watch?v=ie54UwTG9OY -  краток видео материјал од трката :)


КМТ 2013 заврши успешно :) и оваа прилика ја користам да му се заблагодарам на организаторите: Општина Прилеп, дечките кои ја маркираа патеката и се разбира Трајче Панковски со неговио ПСД Мак Петрол. Што не дозволивте да згасне оваа прекрасна трка.
После оваа трка следува за мене најважниот натпревар во ориентација Струмица Опен кој ќе се одржи наредниот викенд, а  на програмата ќе имам  4 трки (2 спринта денски и ноќен, долга дистанца и средна дистанца кој ќе се бодува за светската ранг листа WRE ).


No comments:

Post a Comment