Thursday, April 7, 2011

ДП - Ноќно и Струмица ОПЕН

Изминатиот викенд во град Струмица се одржа Државното Првенство во ноќна ориентација и Струмица ОПЕН. Се на се три дена натпревари. На 1 Април вечерта се одржа ноќна ориентација која беше државно првенство на Македонија. Имав една цел да не правам многу грешки и се разбира да победам. Стартував во првите минути. Но уште од старт грешка. На пат од прва контрола до втора направив фатална грешка ( не го одредив добро правецот ) и изгубив 20 секунди. Продолжив добро. На пат од шеста КТ до седма исто така направив грешка но овој пат се двоумев околу варијантите како да ја напраднам 7 КТ. Не го видов излезот поктај оградата и се вратив назад да заобикола и тука изгубив околу 50 секунди. На 8 КТ бев стасан од конкуренцијата. Бев малку лут на себе но продолжив понатаму. До крајот не направив ниткаква грешка и го освоив третото место со време Патеката од 2.5 km со 22 КТ ја поминав за 16:28 минути. Прво место освои Владо Чорев од Еделвајс, а втор беше Дени Перов од Ентузијас и двајцата од Струмица.

Вториот ден беше средна патека која се одржа на терените на вештачкото езеро Водоча. Овој пат одев на сигурна победа, бев мотивиран и тргнав да победам. Стартував речиси во последните минути. Првите 6 КТ не неправив ниту една грешка. Но на пат кон 7 КТ ја направив најглупавата и аматерска грешка која не би смеел да помислам на тоа. Наместо да тргнам кон 7 КТ тргнав кон 8 КТ. Изгубив околу 90 секунди и бев стасан од мојот клубски другар Милан. Понатаму се одеше по ред и без гтрешка. Завршив на втората позиција со време од 1 час и 25 секунди.
Но тука знаев дека не е се завршено. Резултатите од 2 и 3 ден се собираа па бев уште во игра за медал. Имав негатива од 50 секунди кои многу многу не ме притискаа.
Третиот ден беше нова долга стаза. Повторно влегов во натпреварот растеретен, да не правам грешка и да ги надокнадам малите 50 секунди. Тргнав добро но пак грешка. Од 1 КТ кон 2 КТ наравив грешка која ме косташе 1 минута. Продолжив но силата ме напушташе, нозете ми стануваа многу тешки, при трчањето добив плускавец на левата пета кој ми правеше проблем. Концентрацијата ми траеше до 7 КТ. Понатаму направив фатална грешка. Лошо го одредив правецот заминав во лево. Заглавив во тежок непрооден густеж, искачуваав цел стрмен рид за да излезам на пат и да продолжам. Продолжив без грешка. Ја завршив патеката од 5 km. за време од 1 час и 11 минути и помислив дека сум добил некого од конкурентите. Но кога на финиш ги ја здогледав знаев колку е саатот. Бев оптимист и имав надеж дека ја имам барем бронзата во рака. Но ништо само 7 место. Вкупниот резултат ми беше 4 место.
Бев малку разочаран после третата трка, но тоа е тоа, утехата ја најдов во бронзата од државното првенство ноќно. Всушност кога ќе размислам подобро битно ми беше Државното да го одработам добро.
После натпреварот планирам да одморам 3 дена. Па потоа продолжуваме со уште пожестоко темпо на тренин. Овој пат предизвик ми е државното првенство во долга дистанца.