Monday, May 9, 2011

Први настапи и први победи во М-21

Изминатиот викенд на Прилепско тло се одржаа две кола од МОЛ во организација на мојот клуб Златоврв. Првиот ден т.е. во Саботата вечерта се одржа ноќен спринт на терените на Могила. А вториот ден беше средна продолжена патека на терените кај с. Беловодица.
Овој натпревар ќе го паметам дури сум жив. Добив понуда да се натпреварувам во најјаката категорија М-21. Понудата ја прифатив.
Искрено многу не очекував да бидам меѓу првите, малку бев исплашен, но сакав да пробам, како е да се биде конкурент на најјаките македонски ориентирци. Кога ја прифатив понудата реков “ако ништо друго овој натпревар ќе го сметам како тренинг, но нема да се предадам лесно “.

Почна стартот на ноќниот спринт, стартував во 20:36 часот. Стартував, од почеток фатив брзо темпо на трчање кое за жал не го задржав до крај. Одев сигурно од отсечка до отсечка, избирав добри варијанти за напад и најбитно не направив грешка и бев прв со време од 22:07 минути. Позади мене беше мојот клубски другар Николче Митковски со заостанување од 40 секунди, а третото место го освои Ристе Киров од Еделвајс Струмица. Картата со патеката од ноќниот спринт ќе ја поставам накнадно.
Следнито ден натпреварот се пресели на терените кај с. Беловодица. Доста добар терен за ориентирање, добро организирана патека со избор на повеќе варијанти за напад на КТ. Стартував во 11:27 минути, бев меѓу последните натпреварувачи. На старт се чувствував повторно исплашен, но стравот го оставив само на старт. Ја зграбив картата и тргнав доста добро, но не исфорсирав уште на почеток, правилно ја распоредував силата. На пат помеѓу 3 - 11 КТ веќе ги имав сотигнато половина од конкуренцијата која стартуваше пред мене. На 13 КТ ги стасав и главните конкуренти за првата позиција кои старуваја во првите стартни минути. Кога ги здогледав почнав да се радувам, и добив некоја сила која ме тераше да летам, бидејќи со едната нога газев на првото место.
Патеката од 6.6 км со 19 КТ ја поминав за време од 1:18:59. Позади мене за отприлика 6 минути заостануваше Јане Драгинов од Еделвајс Струмива, а третото место му припадна на Виктор Костадиноски од Златоврв.


После овоие два натпревари се чувствувам малце уморно, имам болки во нозете, но сепак сум среќен што успеав да ги победам најдобрите македонски ориентирци.
Овие две победи во М-21 ми даваат мотив повеќе да работам и да се трудам повеќе.
Тука нема да застанам следна мислија која ми е во план е ДП во долга дистанца и оваа мисија ќе ја одработам повторно во клинч со најјаките М-21.