Thursday, September 9, 2010

BOC 2010


Од 2 - 6 Септември во бугарскиот град Белоградчик се одржа 13 от и последниот Балкански Шампионат Во Ориентација. На овој шампионат учествуваа 7 држави ( Бугарија, Романија, Србија, Молдавија, Турција, Црна Гора и Македонија ).
Домаќинот Бугарија ни ги откри убавините на Белоградчик. Ни овозможи фантастични гледки на уникатните камени блокови и фантастичниот замок.
Покрај добрите гледки што ги овозможи овој град, овозможи и добри стази за ориентација.
Натпреварите во ориентација се одржаа во 3 дисциплини т.е. 3 стази ( Спринт, Долга и Средна стаза ) и во екипна конкуренција Штафета.
Спринтот се одржа на 3 ти. Септември, низ улиците на Белоградчик. Спринтот е една од моите омилени дисциплини па затоа според мене имав најмногу шанси за пласман помеѓу најдобрите 10. Но тоа што го планирав не се оствари. Стартува и уште на почеток направив голема грешка, бев престигнат речиси од сите натпреварувачи кои стартуваа после мене.
На крај на Спринтот завршив како 17 то место пред мојот клубски другар Дарко Јованоски.
Следниот ден се одржа долгата стаза . Долгата патека беше доста технички направена. Тргнав добро со една цел да ја поминам патеката без да барам место за пласман меѓу 10 те најдобри. Тргнав но и овој пат целта не ја остварив .
На 5ти. Септември се одржа и средната стаза. Стазата беше доста добра но не и многу тешка. Овој пат немав никаква цел бев доста уморен и без желба за живот. Направив фатална грешка на кој се каам самиот себе и мислам дека никогаш нема да ја заборавам. И овој ден останав без пласман.
Последниот ден беше Штафетата. Јас трчав во категорија М-20 мешана штафета. Бев втора измена, но поради доста долгото задоцнување на првата измена од мојата екипа бев приморан да тргнам од масовен старт. Стартував, стазата ја поминав доста добро без некои поголеми грешки. Откако се вратив на целта разбрав дека сум отчитал погрешна КТ.....
Бев разочаран, бесен и лут, неможев да најдам утеха за грешката што ја направив.
Длабоко се извинувам за мојо неуспех најпрвин на слекторот Тони Костов, на мојот клуб Златоврв и на сите останати во македонската ориентација.
После оваа балканијада моја цел ќе биде да работам на грешките што ги направив во Белоградчик, ќе се посветам 100% на ориентацијата и се надевам дека ќе ги надминам грешките.
Моја следна цел ќе биде 3 дневниот ориентационен натпревар кој ќе се одржи во Прилеп во чест на чичко Пеце Атанасоски.