Saturday, October 26, 2013

Струмица Опен 2013

Пред точно една седмица (18.10 - 20 .10.2013 г.) во Струмица се одржа еден од подобрите натпревари  во ориентација која се случува тука во Македонија.
На програмата беа понудени 4 трки во три дена од кои два спринта (денски и ноќен спринт), долгга дистанца и средна дистанца која носеше бодови за светска ранг листа WRE.

Јас заедно со мојот клуб Златоврв  пристигнавме во Струмица на 18.10. 2013 (Петокот) околу 8:45 часот, 2 часа пред почетокот на првиот старт. Се пријавивме во натпреварувачкиот центар, ги подигнавме стартните пакети и пополека почна спремањето за првиот старт кој беше денски спринт. Теренот беше градска населба, со паркови, широки улици. Тактиката од старт беше јасна, да не се прават грешки и да се извади максимумот од мене. Бидејќи трчав во најјаката категорија М - 21Е која имаше доста натпреварувачи од странство и силна конкуренција имав некаков притисок и страв пред стартот. Стартував меѓу првите минути. На старт се чувствував уморно од патот но знаев зошто сум тука. Дојде моето стартно време. Тргнав брзо, и погрешив, прва грешка на прва контролна. Промашив неколку улички при напаѓањето на првата КТ и изгубив повеќе од 3 мин. Тоа е што е, не се откажав на првата препрека, продолжив понатаму. До крај трчав многу бавно, во моментите кога мислев дека можам да го пупштам чекорот правев грешки. Патеката со должина од 3.2 km. и 20 КТ ја завршив за време од 33:40 min. и се наседелив на 13 позиција. ( од оваа трка лично не сум задоволен. Направив многу грешки, но и свој удел во ова си имаше и патото кој го поминавме до Струмица и прераното станување за на пат).
После завршувањето на трката се сместивме во спортската сала при ОУ Видое Подгорец. Одморивме неколку саати пред вториот старт на Струмица Опен. Пред стартотр се чувствував малку посвеж за разлика од сабаљешниот старт бидејчи одспав неколку часа и прилично се одморив. Бидејќи ноќниот спринт се одвиваше на истиот терен од сабаљето имав малку претстава за теренот. Поучен од сабаљешните грешки испланирав да трчам онолку брзо до колку што можам да ја читам картата. Стартував овој пат межу последните минути. Стартував тргнав доста добро. Држев едно умерено темпо неколку контролни. Веќе на 4 КТ го имав добиено Јане Драгинов од Струмица. На 16 КТ и веќе предпоследна до целта ја имав и првата грешка каде што изгубив скоро 90 сек. Таа грешка ме кошташе 2 позиции понапред од сегашната каде што се наоѓам. Патаката со должина од 3.2 Km. и 18 KT ја поминав за време од 22:42 min. и се стационирав на 10 место. Бев трето место од Македонците со заостанување од 35 сек. зад Владо Чорев од мојот клуб и само 6 сек. зад Јане Драгинов од Еделвајс. (од овој старт сум премногу задоволен бидејќи во текот на целата трка користев едно темпо кое во овој период е доста солидно за мене и тоа што не направив многу грешки)

Наредниот ден 19.10.2013 (саботата) на програмата беше долга дистанца. Патеката беше долга 7.8 km. со 19 КТ и 380 m. искачување. (лично мислам дека искачувањето беше повеќе од напишаното, а и во консултација со другите тркачи кои користеле ГПС часовници при трчањето кажаа дека висинската разлика била поголема од напишаната). Долгата патека беше доста технички концепирана и доста физички напорна за мене. До старто на долгата патека имаше 2 km. пешачење од кои последните 300m. беа искачување на еден страсен успон кој од старт мислам дека ми одзеде повеќе од силата. Тактиката беше да се обрне повеќе внимание на картата, бидејќи теренот го познавав и знаев дека е еден од потешките во Македонија. Стартував добро не направив поголеми грешки, при изборот на варијанти го користев патот како опција за да стасам до КТ. Финиширав како  9 то. пласиран со време од 2:55:08 часа. ( од овој старт исто така сум доста задоволен од техничкиот дел т.е читањето на картата, но не и од физичкиот дел, доста бев заморен и се движев премногу бавно низ целиот тек на трката)

карта од долгата дистанца со мои варијанти

Третиот ден 20.10.2013 г. (неделата) на програмата беше средна дистанца и воедно трка која носеше бодови за светската ранг листа во категоријата во која јас трчав. Трката беше на истиот терен каде што беше и долгата патека. Пред стартот се чувствував премногу изморен, веќе 3 трки имав истрчано во нозете. Нозете ми беа тешки како камења. Тактиката беше иста како долгата да се обрни повеќе внимание на картата, и да се трча онолку колку што се може. Стартував добро. На привте 4 КТ имав доста добро време. При напад на 5 КТ направива една фатална грешка, имав проблем со северот не ја осеверив картата добро па изгубив доста време додека се најдов каде сум. До крај се снаоѓав добро. Патеката од 4.4 km. со 18 КТ ја поминав за време од 01:41:05 и се најдов на 11 та позиција. (од последната трка не сум баш задоволен од моето трчање, направив почетничка грешка која е недозволива и повторно кондицијата ми откажа послушност)
Во вкупен пласман од трите трки кои времињата се збираа (денски спринт, долга и средна дистанца) се пласирав на 8 место од вкупно 16 напреварувачи. Струмица Опен 2013 го освои Кирил Николов Дизел од Бугарија. 

финиширам на средната дистанца

Струмица Опен 2013 за мене помина воглавно добро. Струмица Опен  беше моето последно натпреварување за сезона 2013. Изминатава седмица после натпреварот ги направив последните тренинзи кои ги вклучување мојата тренинг програма и веќе од утре 27.10.2013 г. си давам 14 дена пауза од тренинг со што ќе завршам 11 месечен тренинг циклус со претрчани околу 1200 km. тренинг. Од 11 Ноември почнуваат подготовките за сезона 2014. 

Во текот на оваа седмица, ќе направам краток осврт на целата 2013 сезона и ќе ги претставам моите планови за наредната сезона :)

Спортски поздрав :)


Sunday, October 13, 2013

KMT - 2013

Во Петокот на 11 Октомври денот кога цел Прилеп го слави денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор, јас и една цела група позитвни луѓе од цела Македонија и пошироко го истрчавме КМТ (Krali Marko Trail) 2013 г.
Трка која речиси сите планински тркачи, атлетичари и сл. ја отпишаа. Но силната волја на Општина Прилеп и неколку мина поедници кои го дадода својот максимум во организацијата и не дозволија оваа прекрасна трка да згасне.

Сита натпреварувачи пред старт :)


-ОПИС НА ПАТЕКАТА: 
Патеката беше долга  16 km. со 860 m. вкупно искачување. Старто на трката беше во центарот на Прилеп (поточно кај стара градска кафеана), а финишот кај карпата Слонче под Маркови Кули.
Првиот дел од патеката е доста дежок. Првите 1.5 km. се трчаше по асфалт, потоа уште 1 km. се трча по широк макадамски пат и потоа патеката се стеснува по тесни карпести патчиња се до манастирот св. Богородица - Трескавец каде беше и освежителниот пункт. Од стартот до освежителниот пункт до Трескавец имаше вкупно 8 km. и цели 800 m. вкупно искачување. (тука завршува првиот дел од патеката). Вториот дел од патеката почнуваше со спуштање по новиот асфалтиран пат повеќе од 1 km. потоа се исклучивме од асфалтниот пат и цело време се одеше по тесни патчиња со доста камења и ситна песок околу 5 km. Последниот дел од патеката беше благ успон од околу од скоро 1 km. и последните помалку од 1 km. беше спуштање по макадамскиот пат до финиш.

-МОЈ КРАТОК ОПИС ЗА ТРКАТА:
Станав сабалјето околу 07:30 часот. капаките од дожд ме разбудија половина час порано од планиранот. Дождот малку ме исплаши и бев во недоумица дали да ја трчам трката бидејќи имав проблем со опремата (поточно проблемот со патиките, во мометов немам солидни патики за Trail Run ), но за миг се консултирав со мозокот и срцето. Мозокот ми велеше НЕ !!! но срцето кажа големо ДА !!! А јас го слушам срецето нон - стоп :D. За половина час се средив со обврските околу поручекот и почнав да бирам што дрес да носам (тоа е ритуал кај мене :D). Во 09:40 дождот престана, кожа не ме траеше и заминав на старт да се пријавам и пополека да се загревам :) Се пријавива го зедов стартното бројче 113 (дефинитивно среќен број) .
Откако ги завршив обврските околу подигање на стартно бројче и пријавување, се упатив во гардероберот во НУКЦ Марко Цепенков - Приле. Кога стасав во гардероберот да се средам, таму што да видам, сите македонски долгопругаши, маратнонци и ултарамаратонци собрани на куп. Десет души кандидати за првото место кој во нив се вбројуваше и нашиот гостин од Белгија Михаел кој е еден од подобрите млади белгијски ориентациони тркачи. Доста јака конкуренција.
Тактиката ја скроив веднаш, да се тргне стабилно без брзање и форсирање на темпото и таргет време да биде нешто под 2 часа.
Стартувавме. Оние тркачи кои беа фаворити одма се одделија напред, јас не заостанував на почеток многу од нив некаде бев во средина. Си трчав мое темпо без форсирање и бркање со останатите. Поголеми проблеми немав во првите 5 km. се додека не наидов на местот под спилата и на самата спила, сабајлешниот дожд ги усложнуваше работите на спилата и премногу беше лизгаво. Ја поминав спилата едвај речиси 50 % од својата енергија ја потрошива на неа. Откако ја поминав спилата влегов во густа магла која ме давеше се до 500 m. пред освежителниот пункт на трескавец.

Густата магла под Трескавец :)


На трескавец имав време од 01:01:00 час. и тоа е мој личен рекорд на патеката од центарот на Прилеп па се до Трескавец. На Трескавец стасав 18 ти. Голтнав неколку голтки вода, зедов лимон за по пат да се освежам и го фатив патот под нозе за надолу. Се исклучив од асфалтниот пат и почнав да слегувам по стрмните тесни и интересни патчиња, слегував пополека со страв да не се повредам. Откако помина страшниот дел за мене почнав стабилно да трчам психата ми беше на доста високо ниво, несакав да форсирам премногу сакав само да завршам до крај без мака. Финиширав добро со време од 01:48:51 час. како 18 то пласиран на трката од вкупно 41 ен пријавен тркач во машка конкуренција, со заостанување од полмалку од 28 min. што за мене е премногу добро, а премногу бев радосен бидејќи целта беше исполнета и трката се заврши без последици во планираното време.

Последниот km. до целта :)


Кога ќе направам споредба со ланската КМТ, кога немав редовни и сериозни тренинзи, овој пат сум многу подобрен и има голем напредок во мојата физичка форма. Лани заостанував цели 47 min. зад првиот, а оваа година нешто помалку од 28 min. што пак ќе кажам тоа е огромен успех за мене, за само 10 месеци тренинг со претрчани нешто повеќе од 1000 km. тренинг.

https://www.youtube.com/watch?v=ie54UwTG9OY -  краток видео материјал од трката :)


КМТ 2013 заврши успешно :) и оваа прилика ја користам да му се заблагодарам на организаторите: Општина Прилеп, дечките кои ја маркираа патеката и се разбира Трајче Панковски со неговио ПСД Мак Петрол. Што не дозволивте да згасне оваа прекрасна трка.
После оваа трка следува за мене најважниот натпревар во ориентација Струмица Опен кој ќе се одржи наредниот викенд, а  на програмата ќе имам  4 трки (2 спринта денски и ноќен, долга дистанца и средна дистанца кој ќе се бодува за светската ранг листа WRE ).


Tuesday, September 10, 2013

SEEOC 2013 - Ramnicu Valcea ROMANIA

Изминатиото викенд во романскиот град Ramnicu Valcea се одржа третото по ред југоисточно европско првенство. 
На програмата на ова првенство имаше 3 индивидуални стартови (Спринт, Долга и Средна дистанца ), плус штафета (екипен старт).
Тргнавме од Македонија во средата поле полноќ за Романија, по низа интересни случки по пат стасавме во натпреварувачкиот град после ручек во средата. Натпреварувачкиот центар беше затворен па немавме можност да ги земиме потребните карти и да изработиме тренинг пред стартовите :/
Оваа година како член на македонската ориентациона репрезентација имав последна шанса да се натпреварувам во М-20 категорија Јуниори, но тоа не се случи, по ненамерна  грешка на раководството на репрезентацијата бев пријавен во категорија М-21Е. Не се бунев, бидејќи потајно сакав да трчам во нај јаката категорија :) 

Наредниот ден или првиот натпреварувачки ден на програмата беше Спринт дистанца. Стартот беше на стадион и патеката беше поделена во два дела: првиот дел добро уреден парк со зеленила, тревници и езерца, и вториот дел урбана населба со доста обијеките (зградиа) кој го направија доста добар спринт. Патеката имаше должина од 3.1 km. воздушна линија со 30 КТ.
Стартував прв, нулта минута. Напнат и исплашен бев од старт, тргнав добро се до 3 KT точка каде ја направив и првата грешка поради лошо осеверување на картата, брзо ја исправив грешката и продолжив понатаму. Од 5 - 6 KT ја избрав најдолгата варијанта бидејќи и тука загубив доста време. На наредните 6 KT одев доста добро се до 13 КТ каде не го забележав ѕидот и морав да вртам од дутата страна. До крај не направив ниту една грешка :) Од спринтот не можам да бидам многу задоволен направив доста почетнички грешки. Патеката ја поминав за време од 28:39 min. што е многу во споредба со останатите натпреварувачи, но како за прв пат во оваа категорија јас лично сум задоволен :)

                                           (македонската ориентациона репрезентација)

Вториот натпреварувачки ден на програмата имаше долга дистанца. Доста добар терен со многу грмучки, шума и доста патчиња. Патеката беше долга 11,6 km. со 24 КТ и 480 m. искачување. Јас никогаш немав трчано ориентациона трка поголема од 8 km. и за мене тоа беше голем предизвик :) Овој ден јас стартував последен од мојата категорија, по растеретен бев од вчерашниот страрт но исто се чувствуваше таа напнатост. Целта беше да се заврши патеката без оптеретување со време кое ме ослободуваше малку од малку. Но тоа не се случи. Првите 6 KT ги истрчав доста добро немав никаков проблем, но понатаму направив грешка наместо од 6 - 7 КТ јас заминав од 6 - 8 KT. и останав mp. Патеката беше доста тешка лично за мене бидејќи како што кажав јас прв пат трчам ваква должина на натпреварите.

Третиот натпреварувачки ден понуди Средна дистанца. Средната дистанца беше во некое село кое има историско значење за овој крај на романија. Стартот беше одалечен 2.5 km. од финишот, а финишот беше во дворот на музејот кој се наоѓаше во ова село. Теренот беше прекрасен со сите можни елементи на него. Патеката имаше должина од 6 km. со 23 КТ и 260 m. искачување. Оваа патека ја поминав за време од 01:37:45 h. 
Стартував прво од мојата категорија. Бев целосно олабавен и не се оптеретував со тоа дали ќе биде или не. Уште од старта направив една грешка на првата контролна точка бидејќи немав голема прегледност на патото и го погрешив правецот. Понатаму до крај одев пополека без грешка.

Последниот натпреварувачки ден беше екипната трка штафета. Штафетата се одржа на теренот каде што беше долгата дистанца. Штафетата е највозбудливата трка на вакви големи натпревари :) Нашата репрезентација настапи и на птафетата во М-21Е. Прва измена Ристе Киров, втора измена јас и трета измена Јане Драгинов. Штафетата ја завршивме како 7 место.

Од овие натпревари задоволен сум од моите постигнувања, бидејќи прв пат трчав во категорија која е доста силна со многу конкуренција и напнатост, времињата кои ги постигнав се доста лоши во споредба со другите,  но овие натпревари беа голем теста за мене кои ми укажа на што точно да се обрни внимание понатаму за да се оствари сонот. Веќе од четврток повторно се враќам на тренинг. На тренинзите ќе се работи се она кое ми претставуваше слабоста на ова првенство, а нареден тест натпревар ќе биде Струмица Опен кој ќе се одржи во 17 - 20 Октомври.
Картите од сите четири натпревари ќе ги постира накнадно :) 

Monday, August 26, 2013

Крушево Опен 2013 :)

Од 23 - 25 Август 2013 г. во Крушево се одржа третото издание на Крушево Опен, воедно ова беше и квалификационен натпревар за македонскиот национален тим во ориентација. Натпреварот го сочинуваа три трки: Спринт, Долга и Средна патека :)

Првиот ден беше Спринт дистанца. Јас се натреварував во М-21. Спринтот имаше должина 2.3 km. воздушна линија со 14 КТ. Овој спринт терен е доста тежок, многубројните тесни сокаци кои се делат на повеќе страни го прават доста возбудлив и примамлив за натпреварувачите.
Завршив втор на спринтот со време од 24:18 min. со 1:01 min. заостанување зад првиот Јане Драгинов од Еделвајс :) Доста добро истрчано, без никакви посериозни грешки и губење, на две контролни имав избрано погрешна и малку подалечна варијанта, но воглавно беше се во ред.

Вториот ден на програмата беше долгата дистанца. Патеката беше долга 7.1 km. со 19 КТ и премногу искачување. Доста напорна концепција на КТ. Доста искачување но и премногу технички поставени КТ. Премногу жешкото време доста ми ја зеде силата и ме омалакса. Па затоа неможев премногу да пуштам чекор па повторно и овој ден останав втор. Патеката ја поминав со време од 01:37:56 час, со заостанување од 7:36 min. зад Јане Драгинов од Еделвајс. На оваа дистанца исто така немав некои поголеми грешки.            


старт на долгата дистанца
                                            
Третиот ден на програмата беше средна дистанца. Патеката со 3.4 km. и 15 КТ. ја поминав за 49:17 min. Доста техничка и интересна патека. И овој пат завршив второпласиран со заостанување од некаде 2 :30 min. зад првопласираниата Мери Чкирпеска  од мојот клуб Златоврв(бидејќи немаше доволно натпреварувачки во Д21 мораше да се спои категоријата со М21). 

Бидејчи времето се собираше од сите три стартови јас на вклупен пласман го освоив второто место со 2 миниту заостанување зад Јане Драгинов од Струмица.


Овој натпревар за мене помина доста добро, техничките грешки ги донесовме на минимум, ја подобривме кондицијата за еден степен погоре и оние психички кризи кои ги имав почесто на трките ги намаливме на минимум. Сето тоа се должи на 9 месечен тренажен процес.
Тука нема застанување продолжуваме со тренинзи. Денес имаме еднодневна пауза но веќе од утре Вторник продолжуваме повторно со тренинг. 

Мојата екипа т.е. Ориентациониот Клуб Златоврв на овој натпревар исто така забележа солидни резултати освоивме 18 медали, од кои 6 златни медали, 7 сребрени и 5 бронзени меали. 



Saturday, April 6, 2013

ТРЧАМ КОН ЦЕЛТА !!!

Денеска на кејот на реката Вардар во Скопје се одржа државно првенство во ПОЛУМАРАТОН !!! На оваа трка зедов и јас учество и го истрчав првиот полумаратон за мене и сум премногу СРЕЌЕН !!!

Како и секоја трка без разлика каква е, јас одам со претходно добро разработен план и анализа на дотогашните тренинзи !!! Овој пат планот беше ваков: првите 10,5 km. или половина од трката да ги истрчам за околу 1 час, а останатиот дел т.е. останатата половина од трката да  ја одработам со + 10 до 15 min. повеќе од првиот дел или тоа би дошло + 01: 15:00 и да финиширам со време од околу 02:15:00 !!!

Жолтиот дрес и црвените шорцеви ги облеков и се наредив на стартната линија и да се разбира стартував...

... се тргна по планот првите тргнав побрзо како и стално и првите 10, 5 km. ги поминав за 58:34 min. немав никакви проблеми, само го работев она што ми беше поставено за задача од самиот себе и бев задоволен од себе си во првиот дел од трката !!!


По измунвањето на 3 от круг од патеката на 1 km. од вртењето или на 1,5 km. се јавија првите кризни моменти за мене :(  првото застанување т.е. одење на патеката и низ главата ми се вртеја некои црни мисли за откажување и повлекување на финиш :( но тоа не се случи стегнав заби и си реков во себе одам до крај па макар и 3 дена трчам ;) Продолжив со намален интензитет на трчање речиси лазев, но тоа е мораше да се оди до крај и да се има конечно време, па и за тоа дојдов во скопје да трчам и да завршам до крај !!!
Причините за моите кризни моменти  ги најдов во моето не правилно распоредување на силата бидејќи тргнав напред мн побрзо и не се штедев, прежешкото време кој сигурно беше некаде околу 23 степени целзиусови си го направи своето, но мислам дека најмногу имав последици од патеката која беше круг од 3.5 km. и за мене беше доста досаден бидејќи 6 пати требаше да се истрча тој еден круг !!!


Продолживме до крај и да ја завршивме патеката и првата полумаратонска трка за мене со време од 02:21:16 и го освоив 72 место од вкупно 93 натпреварувачи. Можам да кажам дека сум задоволен од самиот себеси, сепак ова за мене е нова дисциплина во која се снајдов добро. Пресреќен сум се победив самиот себе и истрчав до крај и прекрасно се чувствувам и се надевам дека добро го претставив мојот клуб ОК ЗЛАТОВРВ !!! 


Морам да ја поздравам и екипата со која заедно учествувавме на оваа трка : Давор и Бојан. Давор си го турна својот личен рекорд во полумаратон.


Честитки и до победниците и државните прваци на Македонија во полумаратон за 2013 г. Кокан во машка конкуренција и Ениса во женска конкуренција и двајцата поставија рекорд на патеката !!! Исто така ги поздравувам организаторите од Маратон Клуб ДЕЛТА - Скопје за прекрасната организација на оваа трка !!!

Спортски поздрав и се гледаме на Скопски Маратон !!!






Monday, March 11, 2013

Почна сезоната !!!

... да почнав !!! почнав да правам зимски тренинзи на 3 Декември 2012 г. !!! тренирав тренирав и тренирав !!! точно кога влегов во силен ритам и мислев дека сезоната ќе помине лесно и лесно ќе се победи се јавија проблемите !!! прво го истегнав мускулот на над коленицата и тмн се се среди и мислев дека ќе биде во ред и ќе се вратам на терен се јави уште една неочекуван и сериозен проблем, незнам како ама добив гнојна ангина :( !!! се на се пауза направив цел еден месец !!!

во саботата на 9 март ја прекинав терапијата за мојата болест, а веќе денеска сабалје 11 Март заминав на државното првенство во спринт ориентација во градски парк во Скопје !!! знаејќи ја силната конкуренција во најјаката категорија М - 21 која денеска имаше рекорден број на натпреварувачи од кога сум почнал да се занимавам со овој спорт , и знаејќи ја позициата во која се наоѓав претходните месец дена не очекував висок пласман, но потајно се надевав !!!

Тактики од старт немав одев на карта да истрчам за моја душа, но сакав да внимавам повеќе на картата и да поминам се без грешка, а за кондицијата да трчам онолку колку што имам максимална сила !!! Тоа и се случи !!! Задоволен сум од моето безпрекорно пратење на картата, но не сум задоволен од мојата физичка подготвеност !!! Но со оглед дека отидов Скопје без еден месец тренинг и тоа е добро !!!
Спринт патеката за М - 21 имаше должина од 3.9 km. со 20 КТ. и јас ја поминав за 25:39 min. и се пласирав на 7 позиција, заостануваќи цели 3 min. позади првопласираниот Јане Драгиново од Струмица. Честитки и за него !!!
(во прилог подолу ви ја прикажувам картата со моите варијанти)

Тоа е тоа !!! и јас нејќев така да биде, некои мои колубски другари ги разочарав (да и јас сам се разочарав), знам дека најмногу се очекуваше од мене во машката елита (бидејќи најмногу имав тренирано) но тоа е, ако едната битка е изгубена, не значи дека и војната е изгубена !!! ова е само почеток !!! до крајот на сезоната има уште многу трки и има се рабира шансите за добар пласман на крајот од сезоната се отворени уште !!! Секоја сезона ја отворам со спринт трка која очигледно не ми лежи премногу (бидејчи секоја година имам лоши резултати во таа дисциплина) !!!

Би го цитирал мојот идол и пример и поим за ориентирец на балканото Бугаринот Кирил Николов Дисл кој во 2009 г. на балканиадата во Парачин Србија вели  „ ПРАВАТА БОРБА ВО ОРИЕНТАЦИЈАТА Е ВО ШУМА“ !!!  (елиташи ова сватете си го како сериозна закана) !!!

                                                    Карта Градски Парк Скопје М - 21

Исто така ја користам приликата да им честитам на сите членови на ОК Златоврв (мојот клуб) за освоените места и доброто претставување на нашиот ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН ЗЛАТОВРВ !!! Ви се заблагодарувам за премголемиот број на поени кои го донесовте за клубот и сум задоволен од сите !!! За оние кои денеска ја делеа истата судбина како и мене, ќе работиме на грешките од денес со цел да бидеме подобри за наредни натревари !!!

Д - 10 


М - 14

Д - 21 

Е ова е ТОЈ НАШ ГОЛЕМ ЗЛАТОВРВ !!!