Sunday, June 27, 2010

Ориентациона школа и ориентационен натпревар Пљачковица 2010

Од 25 до 27 јуни на терените на Плачковица се одржа еден од најдобрите собири на македонските натпреварувачи во ориентација. Тој собир беше наречен “ ориентациона школа “. На таа школа се одржаа 1 технички тренинг и 3 кондициони тренинга. Моите резултати на техничкиот тренинг не беа задоволителни, направив неколку грешки уште на стартот. Кондиционите тренинзи беа доста добри и мислам дека добро ги поминав.
Последниот ден од овој настан завршуваше со ориентационен натпревар кој го одбележа 6-то коло од МОЛ. На натпреварот не постигнав никаков резултат. Тргнав добро но не завршив добро, се здобив со голем грч на левата нога и бев приморан да прекинам со трчањето. Прв во мојата категорија М-18 беше мојот клубски другар Дарко Јованоски, второто место го освои Гордан Кузманов од Велес, а третото место му припадна на Пепи Арсовски од Велес.
Од нашиот клуб со прво место во категорија М-16 се закити Милан Цвејоски, а нашиот најдобар елиташ Николче Митковски го освои третото место во нај јаката категорија М-21Е.

Thursday, June 24, 2010

Припрњма за Радовиш

На ден 25 - 27 јуни 2010 година на терените на Пљачовица - Радовиш ќе се одржи ориентационата школа и ориентациониот натпревар. Па по тој повод јас и моите клубски другари ќе бидеме дел од тој настан. Нашата екипа ќе ја сочинуваат скромен број на на натпреварувачи во следните категории:
- Ивана Настовска Д-16
- Милан Цвејоски М-16
- Дарко Јованоски М-18
- Марко Иваноски М-18
- Николче Митковски М-21Е
Нашата екипа е подготвена да постигни добри резултати на претстојните технички тренинзи. Целта ние да не правиме многу грешки, да бидеме прецизни и да бидеме најбрзи но секако и да победиме.

Thursday, June 17, 2010

30 Мај 5 - то коло од МОЛ Суви Лаки



И овој ден помина во знакот на ориентацијат и победничкиот дух. Откако го анализирав претходниот ден и видов каде ги направив грешките решив овој ден да одам сигурно и да победам. Стартував во 10:19:00 речиси меѓу последните натпреварувачи на натпреварот. Стартував доста добро првите 4 КТ ги пронајдов за доста кратко време без да направам многу грешки но за 4 КТ малку се двоумев за тоа како да ја нападнам но го избрав можеби покомплицираниот но сигурен пат. 5КТ беше една од полесните но поради моето невнимание јас ја направив да биде комплицирана и изгубив доста време. Откако ја пронајдов 5 КТ помислив дека моите конкуренти веќе ја завршиле патеката и по малку се разочарав но не се откажував. Следните 3 КТ ги поминав без грешка но со блага доза на разочарување. На пат кон 9 КТ ги пресретнав моите конкуренти за 1- то место за кои што мислев дека ја поминале патеката. Останатите КТ до крајот ги поминав без проблем и со кренати раце пристигнав на целта.
Патеката беше доста техничка а воедно и физичка. Физички не се покажав најдобро исто како и во претходниот ден. Разочарувањето згасна и конечно го освоив 1 -то место. 2-то место му припадна на Пепи Арсовски од Велес, а 3-то место на Дени Перов од Струмица.

Friday, June 4, 2010

29 Мај 4-то коло од МОЛ - СувиЛак Струмица


На 29 Мај се одржа 4-то коло од МОЛ во Струмичките терени СувиЛаки. Стартот почна во 16ч. јас стартував точно во 16:01. Тргнав со една единствена цел да не правам многу грешки и да ја поминам патеката за најбрзо време и да победам. Натпреварот започна тргнав, првата контролна ја поминав без да направам грешка. На пат кон втората контролна бев стасан од страна на еден од моите конкуренти Пепи Арсовски. Следните две контролни ги пронајдов без никакви грешки но не успеав да се оделам од Пепи. На пат ко четвртата контролна направив грешка од околу 5 минути но повторно не успеав да побегнам од Пепи.
Следните 6 контролни точки ги поминав без никаква грешка и го освоив 2-то место со задоцнување од 3 минути и 14 секунди зад Пепи Арсовски од екипата на Младост Велес.
Патеката беше доста физичка, па поради мојата физичка не добра подготвеност не успеав да избегам и да го зграпчам 1-то место, 3 -то место го освои Дени Перов од Струмица. После натпреварот бев малку разочаран но му се радував на 2-то место, али утехата ја барав во натпреварот кој следесе следниот ден.