Wednesday, September 12, 2012

SEEOC 2012 Bursa - Turkey

Во периодот од 05 ти - 09 ти Септемвир во турскиот град Бурса се одржа второто по ред Југоисточно Европско првенство во Ориентација. На ова првенство зедоа учество 9 земји меѓу кои и нашата Македонија. Македонската ориентациона репрезентација учествуваше со 14 натпреварувачи меѓу кои четворивца од нив беа членови на ОК Златоврв - Прилеп ( Мери Чкрипеска Д -21Е, Александра Славкоска Д-18, Ивана Настовска Д- 18 и Марко Иваноски т.е јас М - 18).
Недела дена пред тргнувањето за Бурса нашиот настап не беше сигурен, поради некои финанскиски проблеми што ги има МОФ. Но со помош на една од прилепските фирми успеавме да обезбедиме некои финансии за да патуваме до Бурса и да учествуваме на тоа првенство.
За Бурса тргнавме на 04 ти Септември од Прилеп до Струмица се возевме 3 часа со автобус, а потоа од Струмица со минибус до Бурса. Патувавме се на се околу 22 часа.
Пристигнавме во Бурса на 05 ти околу ручек се сместивме во студентски дом блиску до центарот на Бурса. Преморени од долготрајното патување направивме мала прошетка околу центарот на Бурса и разгледавме некои знаменитости што се значањи за Бурса.

На 06 ти Септемви во селото Чумаликизик близу Бурса се одржа првиот старт од Спринт патеката. Мало турско историско село, со тесни сокаци направени од калдрма придонесе овај натпреварувачки дена да биде доста возбудлив. Стартував меѓу последните стартни минути во мојата категорија, а позади мене беа главните конкуренти за првите 3 места. Пред почетокот на стартот имав голема трема и страв, но само што влегов во карантин зоната таа трема ја снема. Стартував добро не држев некое пресилно темпо, направив две грешки од околу 5 минути што е на спринт вистина премногу и се пласирав на 18 та позиција со време од 22:27 минути.
Наредниот ден беше долга патека која се одржа на едно прекрасно планинско место по име Сариалан на 1700 метри надморска висина, прекрасен национален парк со скијачки терени. Теренот беше доста тежок и возбудлив, густа шума со многу карпи.
Пред стартот имав цел само да ја поминам патеката без грешки, но тоа за жал не се случи. Направив премногу грешки од кои не сум задоволен.
Наредниот ден на 08 ми Септември на истите терени се одржа средна патека, стартував добро но падот на концентрација ме натера да направам огромна грешка и да останам и овој ден без резултат.
Последниот натпреварувачки ден беше штафета. Јас се натпреварував во најјаката категорија М - 21 Е, иако имам само 18 години. Бев втора измена. Прва измена беше Јане Драгинов кој направил неколку грешки па првата измена ја предаде како 7 мо место. Ја зедов јас втора измена и тргнав стабилно без никаква грешка но не бев доволно брз држев умерено темпо. Третата измена од мојот тим тргна од масовен старт. И вкупно завршивме на 7 та позиција.
После четирите натпреварувачки денови Македонската репрезентација заврши како седмопласирана репрезентација, фалеа само 2 бода за Македонија да го освои ланското шесто место, а го имавме во реце шетото место.