Wednesday, September 12, 2012

SEEOC 2012 Bursa - Turkey

Во периодот од 05 ти - 09 ти Септемвир во турскиот град Бурса се одржа второто по ред Југоисточно Европско првенство во Ориентација. На ова првенство зедоа учество 9 земји меѓу кои и нашата Македонија. Македонската ориентациона репрезентација учествуваше со 14 натпреварувачи меѓу кои четворивца од нив беа членови на ОК Златоврв - Прилеп ( Мери Чкрипеска Д -21Е, Александра Славкоска Д-18, Ивана Настовска Д- 18 и Марко Иваноски т.е јас М - 18).
Недела дена пред тргнувањето за Бурса нашиот настап не беше сигурен, поради некои финанскиски проблеми што ги има МОФ. Но со помош на една од прилепските фирми успеавме да обезбедиме некои финансии за да патуваме до Бурса и да учествуваме на тоа првенство.
За Бурса тргнавме на 04 ти Септември од Прилеп до Струмица се возевме 3 часа со автобус, а потоа од Струмица со минибус до Бурса. Патувавме се на се околу 22 часа.
Пристигнавме во Бурса на 05 ти околу ручек се сместивме во студентски дом блиску до центарот на Бурса. Преморени од долготрајното патување направивме мала прошетка околу центарот на Бурса и разгледавме некои знаменитости што се значањи за Бурса.

На 06 ти Септемви во селото Чумаликизик близу Бурса се одржа првиот старт од Спринт патеката. Мало турско историско село, со тесни сокаци направени од калдрма придонесе овај натпреварувачки дена да биде доста возбудлив. Стартував меѓу последните стартни минути во мојата категорија, а позади мене беа главните конкуренти за првите 3 места. Пред почетокот на стартот имав голема трема и страв, но само што влегов во карантин зоната таа трема ја снема. Стартував добро не држев некое пресилно темпо, направив две грешки од околу 5 минути што е на спринт вистина премногу и се пласирав на 18 та позиција со време од 22:27 минути.
Наредниот ден беше долга патека која се одржа на едно прекрасно планинско место по име Сариалан на 1700 метри надморска висина, прекрасен национален парк со скијачки терени. Теренот беше доста тежок и возбудлив, густа шума со многу карпи.
Пред стартот имав цел само да ја поминам патеката без грешки, но тоа за жал не се случи. Направив премногу грешки од кои не сум задоволен.
Наредниот ден на 08 ми Септември на истите терени се одржа средна патека, стартував добро но падот на концентрација ме натера да направам огромна грешка и да останам и овој ден без резултат.
Последниот натпреварувачки ден беше штафета. Јас се натпреварував во најјаката категорија М - 21 Е, иако имам само 18 години. Бев втора измена. Прва измена беше Јане Драгинов кој направил неколку грешки па првата измена ја предаде како 7 мо место. Ја зедов јас втора измена и тргнав стабилно без никаква грешка но не бев доволно брз држев умерено темпо. Третата измена од мојот тим тргна од масовен старт. И вкупно завршивме на 7 та позиција.
После четирите натпреварувачки денови Македонската репрезентација заврши како седмопласирана репрезентација, фалеа само 2 бода за Македонија да го освои ланското шесто место, а го имавме во реце шетото место.



Thursday, June 28, 2012

Пак тука :)

После долго време еве ме со нова статија :) отсутен бев оправдано, учев... а помалку тренирав...
Пред месец дена дознав дека ќе има натпревар во Крушево - Крушево Опен, а тоа јас не сакам да го пропуштам во никој случај...
Се подготвувам доста време, обрнувам повеќе време на визички подготовки, заседно со клубот работиме на техника, аистовремено и помагам околу новиот подмладок кој го има Златоврв ова лето. Деца полни со елан, желни за победа и забава. Среќен сум што ги гледам, секој тренинг ми е се поубав и поубав...
Покрај обврските со тренинг и околу клубот паралелно помагам во организацијата на меморијалниот ориентационен натпревар ’’ Пеце Атанасоски ‘‘ кој го организира мојот клуб во чест на нашиот тренер Чичко Пеце.
Ден пред Крушево се чувствувам многу добро, имам мали болки во нозете но се надевам дека нема да ми бидат проблем. Иако имам добра конкуренција нема да се предадам.
Имам доволно знаење за да се справам со сите и нема да оставам на случајности одам сигурно и знам што сакам едно од првите три места :)
Епа што друго да ви кажам се гледаме во Крушево !!!
СО СРЕЌА НА СИТЕ !!!