Wednesday, November 10, 2010

Водно

На ден 9.11.2010 г. на терените на Водно - Скопје се одржа 8 коло во МОЛ долга патека. Стартуван во 13:05:00 ч. Пред мене стартуваше мојот клибски колега Милан Цвејоски кој имав за цел да го стасам и да одам сигурно на точките, а на 5 минути од мојот старт тргнуваше Гордан Кузманов од Велес. Но од старт прва грешка кој загубив 4 минути. Добро продолжив кон наредните 7 контролни. На 8 контролна направив мала грешка која ме кошташе 1 минута. На крајот завршив на 2 позиција зад Милан заостануваќи помалку од 6 минути.
Картата со патеката немам можноста да ви ја покажам бидејќи остана само мал дел од неа :D
На овој натпревар екипата на Златоврв учествуваше со 3 натправарувачи и ги освоија следните награди: Мери Чкрипеска во Д-21Е го освои првото место, Милан Цвејоски во М-18 го освои првото место, а второто место во м-18 го освоив јас.
Како шлаг на торта на овој натпревар беше присуството на 108-те нордиските натпреварувачи предводени од Пео Бенгстон.

Monday, October 11, 2010

Викенд Тренинг

И покрај одложувањето на еден од најголемите натпревари во ориентација кои се случуваат во нашата држава, а во едно и во мојот град, успеав и овој викенд да бидам активен. Овој викенд го потрошив на проверка на мојата кондициона подготвеност.
Во саботата 09. 10. 2010. заедно со Митковски Никола решивме да обработиме тренинг на релација: ( Парк на Револуцијата ( Могила ) - манастир Селце - Шаторов Камен - Парк на Револуцијата ( Могила ) ) отприлика околу 13 km. Тренингот успешно помина.
Во Неделата 10.10.2010. добив идеја да направам некој побрз тренинг и тоа и го сторив. Бев на атлетската патека при градскиот базент во Прилеп обработив ФАРТЛЕК тренинг 4 х 300 - 300, 200 - 200, 100 - 100 + 4 km. загревање. Тренингот исто така помина успешно.
Денешниот празничен ден повторно со Митковски Никола обработивме тренинг на релација:
(Градска Болница - манастир Селце - Шаторов Камен - Градска Болница) отприлика околу 12 - 13 km. Денешниот тренинг помина успешно но дождот зададе мали проблеми, но трениг е тренинг.

Thursday, September 9, 2010

BOC 2010


Од 2 - 6 Септември во бугарскиот град Белоградчик се одржа 13 от и последниот Балкански Шампионат Во Ориентација. На овој шампионат учествуваа 7 држави ( Бугарија, Романија, Србија, Молдавија, Турција, Црна Гора и Македонија ).
Домаќинот Бугарија ни ги откри убавините на Белоградчик. Ни овозможи фантастични гледки на уникатните камени блокови и фантастичниот замок.
Покрај добрите гледки што ги овозможи овој град, овозможи и добри стази за ориентација.
Натпреварите во ориентација се одржаа во 3 дисциплини т.е. 3 стази ( Спринт, Долга и Средна стаза ) и во екипна конкуренција Штафета.
Спринтот се одржа на 3 ти. Септември, низ улиците на Белоградчик. Спринтот е една од моите омилени дисциплини па затоа според мене имав најмногу шанси за пласман помеѓу најдобрите 10. Но тоа што го планирав не се оствари. Стартува и уште на почеток направив голема грешка, бев престигнат речиси од сите натпреварувачи кои стартуваа после мене.
На крај на Спринтот завршив како 17 то место пред мојот клубски другар Дарко Јованоски.
Следниот ден се одржа долгата стаза . Долгата патека беше доста технички направена. Тргнав добро со една цел да ја поминам патеката без да барам место за пласман меѓу 10 те најдобри. Тргнав но и овој пат целта не ја остварив .
На 5ти. Септември се одржа и средната стаза. Стазата беше доста добра но не и многу тешка. Овој пат немав никаква цел бев доста уморен и без желба за живот. Направив фатална грешка на кој се каам самиот себе и мислам дека никогаш нема да ја заборавам. И овој ден останав без пласман.
Последниот ден беше Штафетата. Јас трчав во категорија М-20 мешана штафета. Бев втора измена, но поради доста долгото задоцнување на првата измена од мојата екипа бев приморан да тргнам од масовен старт. Стартував, стазата ја поминав доста добро без некои поголеми грешки. Откако се вратив на целта разбрав дека сум отчитал погрешна КТ.....
Бев разочаран, бесен и лут, неможев да најдам утеха за грешката што ја направив.
Длабоко се извинувам за мојо неуспех најпрвин на слекторот Тони Костов, на мојот клуб Златоврв и на сите останати во македонската ориентација.
После оваа балканијада моја цел ќе биде да работам на грешките што ги направив во Белоградчик, ќе се посветам 100% на ориентацијата и се надевам дека ќе ги надминам грешките.
Моја следна цел ќе биде 3 дневниот ориентационен натпревар кој ќе се одржи во Прилеп во чест на чичко Пеце Атанасоски.

Sunday, June 27, 2010

Ориентациона школа и ориентационен натпревар Пљачковица 2010

Од 25 до 27 јуни на терените на Плачковица се одржа еден од најдобрите собири на македонските натпреварувачи во ориентација. Тој собир беше наречен “ ориентациона школа “. На таа школа се одржаа 1 технички тренинг и 3 кондициони тренинга. Моите резултати на техничкиот тренинг не беа задоволителни, направив неколку грешки уште на стартот. Кондиционите тренинзи беа доста добри и мислам дека добро ги поминав.
Последниот ден од овој настан завршуваше со ориентационен натпревар кој го одбележа 6-то коло од МОЛ. На натпреварот не постигнав никаков резултат. Тргнав добро но не завршив добро, се здобив со голем грч на левата нога и бев приморан да прекинам со трчањето. Прв во мојата категорија М-18 беше мојот клубски другар Дарко Јованоски, второто место го освои Гордан Кузманов од Велес, а третото место му припадна на Пепи Арсовски од Велес.
Од нашиот клуб со прво место во категорија М-16 се закити Милан Цвејоски, а нашиот најдобар елиташ Николче Митковски го освои третото место во нај јаката категорија М-21Е.

Thursday, June 24, 2010

Припрњма за Радовиш

На ден 25 - 27 јуни 2010 година на терените на Пљачовица - Радовиш ќе се одржи ориентационата школа и ориентациониот натпревар. Па по тој повод јас и моите клубски другари ќе бидеме дел од тој настан. Нашата екипа ќе ја сочинуваат скромен број на на натпреварувачи во следните категории:
- Ивана Настовска Д-16
- Милан Цвејоски М-16
- Дарко Јованоски М-18
- Марко Иваноски М-18
- Николче Митковски М-21Е
Нашата екипа е подготвена да постигни добри резултати на претстојните технички тренинзи. Целта ние да не правиме многу грешки, да бидеме прецизни и да бидеме најбрзи но секако и да победиме.

Thursday, June 17, 2010

30 Мај 5 - то коло од МОЛ Суви Лаки



И овој ден помина во знакот на ориентацијат и победничкиот дух. Откако го анализирав претходниот ден и видов каде ги направив грешките решив овој ден да одам сигурно и да победам. Стартував во 10:19:00 речиси меѓу последните натпреварувачи на натпреварот. Стартував доста добро првите 4 КТ ги пронајдов за доста кратко време без да направам многу грешки но за 4 КТ малку се двоумев за тоа како да ја нападнам но го избрав можеби покомплицираниот но сигурен пат. 5КТ беше една од полесните но поради моето невнимание јас ја направив да биде комплицирана и изгубив доста време. Откако ја пронајдов 5 КТ помислив дека моите конкуренти веќе ја завршиле патеката и по малку се разочарав но не се откажував. Следните 3 КТ ги поминав без грешка но со блага доза на разочарување. На пат кон 9 КТ ги пресретнав моите конкуренти за 1- то место за кои што мислев дека ја поминале патеката. Останатите КТ до крајот ги поминав без проблем и со кренати раце пристигнав на целта.
Патеката беше доста техничка а воедно и физичка. Физички не се покажав најдобро исто како и во претходниот ден. Разочарувањето згасна и конечно го освоив 1 -то место. 2-то место му припадна на Пепи Арсовски од Велес, а 3-то место на Дени Перов од Струмица.

Friday, June 4, 2010

29 Мај 4-то коло од МОЛ - СувиЛак Струмица


На 29 Мај се одржа 4-то коло од МОЛ во Струмичките терени СувиЛаки. Стартот почна во 16ч. јас стартував точно во 16:01. Тргнав со една единствена цел да не правам многу грешки и да ја поминам патеката за најбрзо време и да победам. Натпреварот започна тргнав, првата контролна ја поминав без да направам грешка. На пат кон втората контролна бев стасан од страна на еден од моите конкуренти Пепи Арсовски. Следните две контролни ги пронајдов без никакви грешки но не успеав да се оделам од Пепи. На пат ко четвртата контролна направив грешка од околу 5 минути но повторно не успеав да побегнам од Пепи.
Следните 6 контролни точки ги поминав без никаква грешка и го освоив 2-то место со задоцнување од 3 минути и 14 секунди зад Пепи Арсовски од екипата на Младост Велес.
Патеката беше доста физичка, па поради мојата физичка не добра подготвеност не успеав да избегам и да го зграпчам 1-то место, 3 -то место го освои Дени Перов од Струмица. После натпреварот бев малку разочаран но му се радував на 2-то место, али утехата ја барав во натпреварот кој следесе следниот ден.

Wednesday, May 12, 2010

12 Мај првиот поздрав до публиката

Здраво Здраво ова е мојот Blog на овој Blog ќе бидите во тек со моите информации и настани од областа на ориентацијата, моите подготовки и слично поздрав.