Sunday, June 27, 2010

Ориентациона школа и ориентационен натпревар Пљачковица 2010

Од 25 до 27 јуни на терените на Плачковица се одржа еден од најдобрите собири на македонските натпреварувачи во ориентација. Тој собир беше наречен “ ориентациона школа “. На таа школа се одржаа 1 технички тренинг и 3 кондициони тренинга. Моите резултати на техничкиот тренинг не беа задоволителни, направив неколку грешки уште на стартот. Кондиционите тренинзи беа доста добри и мислам дека добро ги поминав.
Последниот ден од овој настан завршуваше со ориентационен натпревар кој го одбележа 6-то коло од МОЛ. На натпреварот не постигнав никаков резултат. Тргнав добро но не завршив добро, се здобив со голем грч на левата нога и бев приморан да прекинам со трчањето. Прв во мојата категорија М-18 беше мојот клубски другар Дарко Јованоски, второто место го освои Гордан Кузманов од Велес, а третото место му припадна на Пепи Арсовски од Велес.
Од нашиот клуб со прво место во категорија М-16 се закити Милан Цвејоски, а нашиот најдобар елиташ Николче Митковски го освои третото место во нај јаката категорија М-21Е.

No comments:

Post a Comment