Вториот ден беше средна патека која се одржа на терените на вештачкото езеро Водоча. Овој пат одев на сигурна победа, бев мотивиран и тргнав да победам. Стартував речиси во последните минути. Првите 6 КТ не неправив ниту една грешка. Но на пат кон 7 КТ ја направив најглупавата и аматерска грешка која не би смеел да помислам на тоа. Наместо да тргнам кон 7 КТ тргнав кон 8 КТ. Изгубив околу 90 секунди и бев стасан од мојот клубски другар Милан. Понатаму се одеше по ред и без гтрешка. Завршив на втората позиција со време од 1 час и 25 секунди.
Третиот ден беше нова долга стаза. Повторно влегов во натпреварот растеретен, да не правам грешка и да ги надокнадам малите 50 секунди. Тргнав добро но пак грешка. Од 1 КТ кон 2 КТ наравив грешка која ме косташе 1 минута. Продолжив но силата ме напушташе, нозете ми стануваа многу тешки, при трчањето добив плускавец на левата пета кој ми правеше проблем. Концентрацијата ми траеше до 7 КТ. Понатаму направив фатална грешка. Лошо го одредив правецот заминав во лево. Заглавив во тежок непрооден густеж, искачуваав цел стрмен рид за да излезам на пат и да продолжам. Продолжив без грешка. Ја завршив патеката од 5 km. за време од 1 час и 11 минути и помислив дека сум добил некого од конкурентите. Но кога на финиш ги ја здогледав знаев колку е саатот. Бев оптимист и имав надеж дека ја имам барем бронзата во рака. Но ништо само 7 место. Вкупниот резултат ми беше 4 место.
После натпреварот планирам да одморам 3 дена. Па потоа продолжуваме со уште пожестоко темпо на тренин. Овој пат предизвик ми е државното првенство во долга дистанца.