Tuesday, September 10, 2013

SEEOC 2013 - Ramnicu Valcea ROMANIA

Изминатиото викенд во романскиот град Ramnicu Valcea се одржа третото по ред југоисточно европско првенство. 
На програмата на ова првенство имаше 3 индивидуални стартови (Спринт, Долга и Средна дистанца ), плус штафета (екипен старт).
Тргнавме од Македонија во средата поле полноќ за Романија, по низа интересни случки по пат стасавме во натпреварувачкиот град после ручек во средата. Натпреварувачкиот центар беше затворен па немавме можност да ги земиме потребните карти и да изработиме тренинг пред стартовите :/
Оваа година како член на македонската ориентациона репрезентација имав последна шанса да се натпреварувам во М-20 категорија Јуниори, но тоа не се случи, по ненамерна  грешка на раководството на репрезентацијата бев пријавен во категорија М-21Е. Не се бунев, бидејќи потајно сакав да трчам во нај јаката категорија :) 

Наредниот ден или првиот натпреварувачки ден на програмата беше Спринт дистанца. Стартот беше на стадион и патеката беше поделена во два дела: првиот дел добро уреден парк со зеленила, тревници и езерца, и вториот дел урбана населба со доста обијеките (зградиа) кој го направија доста добар спринт. Патеката имаше должина од 3.1 km. воздушна линија со 30 КТ.
Стартував прв, нулта минута. Напнат и исплашен бев од старт, тргнав добро се до 3 KT точка каде ја направив и првата грешка поради лошо осеверување на картата, брзо ја исправив грешката и продолжив понатаму. Од 5 - 6 KT ја избрав најдолгата варијанта бидејќи и тука загубив доста време. На наредните 6 KT одев доста добро се до 13 КТ каде не го забележав ѕидот и морав да вртам од дутата страна. До крај не направив ниту една грешка :) Од спринтот не можам да бидам многу задоволен направив доста почетнички грешки. Патеката ја поминав за време од 28:39 min. што е многу во споредба со останатите натпреварувачи, но како за прв пат во оваа категорија јас лично сум задоволен :)

                                           (македонската ориентациона репрезентација)

Вториот натпреварувачки ден на програмата имаше долга дистанца. Доста добар терен со многу грмучки, шума и доста патчиња. Патеката беше долга 11,6 km. со 24 КТ и 480 m. искачување. Јас никогаш немав трчано ориентациона трка поголема од 8 km. и за мене тоа беше голем предизвик :) Овој ден јас стартував последен од мојата категорија, по растеретен бев од вчерашниот страрт но исто се чувствуваше таа напнатост. Целта беше да се заврши патеката без оптеретување со време кое ме ослободуваше малку од малку. Но тоа не се случи. Првите 6 KT ги истрчав доста добро немав никаков проблем, но понатаму направив грешка наместо од 6 - 7 КТ јас заминав од 6 - 8 KT. и останав mp. Патеката беше доста тешка лично за мене бидејќи како што кажав јас прв пат трчам ваква должина на натпреварите.

Третиот натпреварувачки ден понуди Средна дистанца. Средната дистанца беше во некое село кое има историско значење за овој крај на романија. Стартот беше одалечен 2.5 km. од финишот, а финишот беше во дворот на музејот кој се наоѓаше во ова село. Теренот беше прекрасен со сите можни елементи на него. Патеката имаше должина од 6 km. со 23 КТ и 260 m. искачување. Оваа патека ја поминав за време од 01:37:45 h. 
Стартував прво од мојата категорија. Бев целосно олабавен и не се оптеретував со тоа дали ќе биде или не. Уште од старта направив една грешка на првата контролна точка бидејќи немав голема прегледност на патото и го погрешив правецот. Понатаму до крај одев пополека без грешка.

Последниот натпреварувачки ден беше екипната трка штафета. Штафетата се одржа на теренот каде што беше долгата дистанца. Штафетата е највозбудливата трка на вакви големи натпревари :) Нашата репрезентација настапи и на птафетата во М-21Е. Прва измена Ристе Киров, втора измена јас и трета измена Јане Драгинов. Штафетата ја завршивме како 7 место.

Од овие натпревари задоволен сум од моите постигнувања, бидејќи прв пат трчав во категорија која е доста силна со многу конкуренција и напнатост, времињата кои ги постигнав се доста лоши во споредба со другите,  но овие натпревари беа голем теста за мене кои ми укажа на што точно да се обрни внимание понатаму за да се оствари сонот. Веќе од четврток повторно се враќам на тренинг. На тренинзите ќе се работи се она кое ми претставуваше слабоста на ова првенство, а нареден тест натпревар ќе биде Струмица Опен кој ќе се одржи во 17 - 20 Октомври.
Картите од сите четири натпревари ќе ги постира накнадно :) 

No comments:

Post a Comment