Monday, August 26, 2013

Крушево Опен 2013 :)

Од 23 - 25 Август 2013 г. во Крушево се одржа третото издание на Крушево Опен, воедно ова беше и квалификационен натпревар за македонскиот национален тим во ориентација. Натпреварот го сочинуваа три трки: Спринт, Долга и Средна патека :)

Првиот ден беше Спринт дистанца. Јас се натреварував во М-21. Спринтот имаше должина 2.3 km. воздушна линија со 14 КТ. Овој спринт терен е доста тежок, многубројните тесни сокаци кои се делат на повеќе страни го прават доста возбудлив и примамлив за натпреварувачите.
Завршив втор на спринтот со време од 24:18 min. со 1:01 min. заостанување зад првиот Јане Драгинов од Еделвајс :) Доста добро истрчано, без никакви посериозни грешки и губење, на две контролни имав избрано погрешна и малку подалечна варијанта, но воглавно беше се во ред.

Вториот ден на програмата беше долгата дистанца. Патеката беше долга 7.1 km. со 19 КТ и премногу искачување. Доста напорна концепција на КТ. Доста искачување но и премногу технички поставени КТ. Премногу жешкото време доста ми ја зеде силата и ме омалакса. Па затоа неможев премногу да пуштам чекор па повторно и овој ден останав втор. Патеката ја поминав со време од 01:37:56 час, со заостанување од 7:36 min. зад Јане Драгинов од Еделвајс. На оваа дистанца исто така немав некои поголеми грешки.            


старт на долгата дистанца
                                            
Третиот ден на програмата беше средна дистанца. Патеката со 3.4 km. и 15 КТ. ја поминав за 49:17 min. Доста техничка и интересна патека. И овој пат завршив второпласиран со заостанување од некаде 2 :30 min. зад првопласираниата Мери Чкирпеска  од мојот клуб Златоврв(бидејќи немаше доволно натпреварувачки во Д21 мораше да се спои категоријата со М21). 

Бидејчи времето се собираше од сите три стартови јас на вклупен пласман го освоив второто место со 2 миниту заостанување зад Јане Драгинов од Струмица.


Овој натпревар за мене помина доста добро, техничките грешки ги донесовме на минимум, ја подобривме кондицијата за еден степен погоре и оние психички кризи кои ги имав почесто на трките ги намаливме на минимум. Сето тоа се должи на 9 месечен тренажен процес.
Тука нема застанување продолжуваме со тренинзи. Денес имаме еднодневна пауза но веќе од утре Вторник продолжуваме повторно со тренинг. 

Мојата екипа т.е. Ориентациониот Клуб Златоврв на овој натпревар исто така забележа солидни резултати освоивме 18 медали, од кои 6 златни медали, 7 сребрени и 5 бронзени меали. 



1 comment:

  1. Grad Kruševo je odličan teren za sprint trku. Uživali smo na toj trci na SEEOC-u 2011.

    Dejan Avramović

    ReplyDelete